logo
logo
logo

Франција наметнува барања до производителите на оружје да ја забрзаат воената помош за Украина

Vecer | 26.03.2024

Франција наметнува барања до производителите на оружје да ја забрзаат воената помош за Украина

Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну изјави денеска дека е подготвен да ги искористи своите овластувања за да наметне конкретни барања за производниот капацитет на производителите на оружје или да постави приоритетни цели за нивното производство за да се забрза производството на оружје и муниција за Украина, како и како и за другите места во светот, пренесоа британските медиуми.

-Овие прашања... дефинитивно се на агендата, рече Лекорну на прес-конференција, додавајќи дека производствените и складишните линии се особено зафатени за ракетни системи за воздушна одбрана и артилериски гранати.

Тој, исто така, посочи дека може да побара конкретни залихи или да им нареди на компаниите за оружје да дадат приоритет на одредени нарачки.

-Бројот на странски нарачки за француските производители на оружје е голем, особено за противвоздушни, артилериски и радарски системи што ги користи украинската армија во битките со руските сили, истакна Лекорну. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk