Шефот на НАТО: Германската опрема спасува животи во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за неделното издание на германскиот весник „Велт“ ја пофали германската поддршка за одбраната на Украина од руската инвазија, два дена пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата во Букурешт.

„Силната поддршка на Германија прави одлучувачка разлика“, рече Столтенберг.

Германија претходно беше постојано критикувана од високи украински функционери дека бавно обезбедува воена опрема и затоа што одбива да испрати тешко оружје.

Столтенберг рече дека германската опрема спасува животи во Украина.

Но, тој исто така додаде дека „сите мора да ја задржиме нашата поддршка за Украина и да ја зголемиме“.

Меѓу оружјето што Германија и го достави на Украина е и современиот противвоздушен систем Ирис-Т, наменет за одбрана од руски напади со проектили и беспилотни летала. Следната година Германија треба да испрати дополнителни три.

Столтенберг рече дека рускиот претседател Владимир Путин реагира на повлекувањето на неговата војска со „зголемена бруталност“.

Како пример, тој го наведе таргетирањето на украинската енергетска инфраструктура во пресрет на зимата.

„Путин се обидува да ја искористи зимата како оружје, но нема да успее“, додаде шефот на НАТО.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.