Мадрид го менува законот поради Килијан Мбапе

Килијан Мбапе/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Планот е да се воведе „законот Мбапе“ со кој би се намалил данокот на францускиот фудбалер по неговото пристигнување во Реал Мадрид.

Сè е подготвено за трансферот на векот во кој Килијан Мбапе се очекува да замине во Реал Мадрид како слободен играч од ПСЖ. Шпанците доаѓањето на еден од најдобрите светски фудбалери во „кралскиот клуб“ го гледаат како државна работа, поради што во главниот град го подготвуваат теренот за астрономската плата што Мбапе ќе ја добива на „Сантијаго Бернабеу“.

Како што пренесува „Фудбал Еспана“, водечките луѓе во Мадрид размислуваат за промена на законот поврзан со оданочувањето во градското подрачје. Наводно, планот е да се воведе нов „закон“ колоквијално наречен „Закон на Мбапе“, кој е дизајниран така што секој странец кој инвестира во Мадрид има даночно олеснување од 20 проценти.

фото: EPA-EFE/Juan Herrero

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има неколку влијателни пријатели во градските власти кои навиваат за „кралскиот клуб“. Затоа се очекува новиот закон да биде воведен без никакви проблеми. Една од главните причини е фактот што Мбапе би заминал во Мадрид поради огромната сума на пари и дека секое дополнително оданочување би го фрлило во дилема дали вреди да дојде во Реал.

Доколку Мбапе дојде во Реал Мадрид, тој ќе стане еден од 30.000 жители на шпанската престолнина кои заработуваат многу повеќе од просекот. Со тоа би морал дополнително да се оданочи, поради што Французинот би загубил одреден дел од приходите. Со новиот закон градот би профитирал, а играчот би имал простор да заштеди одредена сума пари.

Пластичен пример – ако Мбапе заработува 20.000.000 милиони евра годишно, а еден дел од тие пари се инвестира во градот, не би добил дополнителен данок по основ на голема плата, туку загубата би била фиксирана на 24,4 отсто. Затоа, Мбапе, без разлика на огромната сума на пари, би платил ист данок како жител на Мадрид кој има плата од 20.000 евра годишно.

Нешто слично Реал успеа да договори уште во 2005 година кога во клубот пристигна Дејвид Бекам. Тогаш можеше сите странци да имаат фиксен данок од 24 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот