Регион

Црна Гора: Отворен е нов супермаркет на „Воли“ во Подгорица

02 мај 2024

На улицата „Петар  Прлја“ во Подгорица е отворен нов супермаркет на „Воли“

Објектот е на површина од 700 квадратни метри, нуди над 5.000 артикли, меѓу кои се издвојува асортиманот на приватната трговска марка на компанијата IzVOLITE.

Супермаркетот поседува и пекарница, деликатеси, како и посебно одделние за свежо овошје и зеленчук.

Маркетот дише во посебна атмосфера. Бевме инспирирани од духот на старата Подгорица и автентичноста на Стар варош, па така објектот го опремивме со архивски фотографии од старата Подгорица, сакајќи со тоа да оддадеме почит на традицијата која ја чуваме и која сите не поврзува, изјави Оливера Лакониќ, директорка на маркетинг во компанијата „Воли“.

На денот на отворањето за потрошувачите им бил даден попуст од 10% на целата сметка.

  Извор: Bankar.me

Фото: „Воли“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...