Двајца мажи нападнати од своите синови

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје 77-годишен маж пријавил дека на 06.04.2024 околу 15.00 часот во домот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од својот син С.К.(52) од Скопје.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.С.(43) од Кавадарци затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети.

Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и потоа е спроведен во здравствена установа.

По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот