Полицијата приведе уште едно лице поврзано со кражбата на сефот од Црниче

Од МВР информираа дека вториот приведен е В.Т.(36) од Скопје. Претходно Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец кој учествувал во кражбата.

Со тоа, двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.

ОД МВР информираа дека  судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.