Моделите на Ford, Focus и Fiesta дефинитивно нема да доживеат електричен третман и се подготвуваат за пензија

Ford ја потенцира електрификацијата, па некои популарни модели како F-150 и Mustang се „преродени“ во форма на моделите F-150 Lightning и Mustang Mach-E. Сепак, според шефот на европскиот оддел на компанијата задолжен за електрични автомобили, Мартин Сандер, тоа нема да биде случај со Fiesta и Focus.

„Нема планови за електрични верзии на Focus и Fiesta. Пазарот се менува, а деновите на седаните и караваните завршија“, вели тој. Затоа, Fiesta официјално ќе се повлече во 2023 година, а Focus две години подоцна, како што беше најавено“.

Focus има импресивна историја, се појави во 1998 година како компактен хечбек и се нуди во различни конфигурации вклучувајќи го и „жешкиот“ RS.

Fiesta е многу постара, на пазарот пристигна во 1976 година, но и дојде крајот бидејќи побарувачката за вакви автомобили се намалува, додека компактните кросовери стануваат сè попопуларни.

Ford продал 456.000 примероци од Fiesta и 309.000 од Focus во Европа во 2009 година, а до 2021 година тие бројки се сведени на 82.000 и 101.000 соодветно.

Ford се обидува да ги „оживее“ старите модели, а Puma како популарно име во Европа е вратена на пазарот како компактен кросовер и изгледа како соодветна замена за одамна пензионираната Fiesta ST.

Одлуката на Ford да не ги внесе Fiesta и Focus во електричната ера им остава простор на другите мали производители на автомобили во овој сегмент. Компаниите како Opel и FIAT веќе работат на мали градски електрични автомобили со помал досег и побрзо полнење на батериите.

Ford сака да користи по „американски“ пристап во Европа, а тоа значи потенцирање на кросоверите и теренците.