Верувале или не, поминаа 13 години откако принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, сега принцот и принцезата од Велс, стапнаа на лудиот камен. Нивната венчавка на 29 април 2011 година беше главна вест ширум светот, а очите на јавноста беа насочени кон невестата и младоженецот, а особено венчаницата на тогаш 29-годишната Кејт.
Таа носеше бел фустан со V-деколте со долги ракави од тантела. Венчаницата ја дизајнираше Сара Бартон за Александар Меквин. Како што тогаш беше објавено, Кејт го избра британскиот бренд поради убавината на неговата изработка и почитувањето на традиционалната изработка. Нејзината идеја била да ги „комбинира традицијата и модерноста со уметничката визија што ја карактеризира работата на Меквин“.
Кога Кејт го избрала дизајнерот, одлуката се чуваше во тајност цели три месеци, што беше овозможено благодарение на вонредните мерки преземени од палатата и дизајнерскиот тим, пишува „Пипл“. Како што изјави тогаш портпаролот на палатата, идната принцеза не сакала младоженецот да знае за венчаницата до денот на свадбата.
- Имавме завеси во просторијата каде што беше се шиеше венчаницата, а на чистачките не им беше дозволено да влезат во просторијата, беше сменета и шифрата. Не се знаеше ни кој работи, изјавила шивачката Менди Јуинг.
На секои половина час кројачите морале да ги мијат рацете додека работеле на фустанот, а на секои три часа иглите се менувале за ткаенината да остане недопрена. Како што тогаш објави Би-би-си, преземени се екстремни мерки за да се зацврсти тантелата, која ја создаде тим од лондонската Кралска школа за рачна работа.
Венчаницата, како што рековме, беше со долги ракави со два вида тантела, но и четири посебни мотиви - роза, чичак, нарцис и детелина. Сите мотиви се рачно исечени и нанесени на свилен тул од слонова коска и ги претставуваат Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, инаку четирите земји што ја претставуваат Велика Британија.
Користена е француска тантела „шантили“ и британска „клуни“ чипка. Како што е напишано на веб-страницата на кралското семејство, тантелата била аплицирана со техника на производство која потекнува од Ирска во 1820 година. Задниот дел од елечето имаше 58 копчиња покриени со газа и органза.
Она што и даде специфичен изглед на целата венчаница е шлепот долг 2,7 метри. Она што може да ве изненади е дека ова не е најдолгиот шлеп на кралска венчавка. Нејзината свекрва Дијана носела најдолг - цели 7,6 метри.
Тој долен дел од венчаницата е дизајниран да изгледа како цвет кога ќе се рашири, и тоа со помош на сатенски лакови и набори. Инаку, целата венчаница потсетуваше на кралските фустани во викторијански стил, стеснети во половината.
Самата Кејт сакала да има битни детали за нејзиниот посебен ден. Тиарата што ја носеше, дело на модната куќа „Картие“ е позајмена. Кралицата Елизабета ги замешала прстите во неа - тоа беше нејзината дијадема. Содржеше 739 дијаманти со брилијантно брусење и 139 багет-дијаманти (издолжен правоаголен, долг и тенок камен). Инаку, нарачана е од кралот Џорџ VI за кралицата мајка во 1936 година, а ѝ била подарена на кралицата Елизабета за нејзиното полнолетство.
Тиарата одлично се вклопила со обетките на Робин Пелхам кои и ги купија нејзините родители Керол и Мајкл Мидлтон - таа ги носеше како нови. Имаа форма на листови со дијамант во облик на круша, инспириран од новиот семеен грб.
Бидермаерот беше обликуван како штит и содржеше момина солза за среќа, слаткиот Вилијам за галантност, зумбул за доследна љубов, бршлен за верност и мирта за љубов и брак.
Вечерта Кејт за дочекот облече уште еден фустан, исто така, од Сара Бартон и Александар Меквин. Направен од бел сатен со деколте без прерамки и обложен со дијаманти околу половината. Изгледот го комплетираше со бело болеро.
По венчавката, на 23 јули истата година, беше изложен во Бакингемската палата и го собори рекордот на посетеност до 3 октомври, кога беше изложен. Според проценките на палатата, повеќе од 600.000 луѓе го виделе ревијалниот фустан и сите биле воодушевени.
И по повеќе од една деценија, оваа венчаница многумина ја паметат, а во 2021 година беше прогласена за една од најпопуларните венчаници на деценијата.