Почетна » Новости » Занимливости » Дарио Ивановски е првиот претставник на Македонија на Летните Олимписки игри во Париз

Дарио Ивановски е првиот претставник на Македонија на Летните Олимписки игри во Париз

Познат е првиот учесник од нашата држава на Летните Олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Париз.

Маратонецот Дарио Ивановски обезбеди пласман на Олимпијадата и со тоа стана прв наш атлетичар кој го има постигнато тоа. 26-годишниот спортист, кој е наш најдобар атлетичар на сите времиња, си обезбеди место благодарение на неговата позиција на светската ранг листа во маратон, каде се наоѓа на 78. место.

Дарио Ивановски

Својот прв маратон Дарио го истрчал во Скопје на Скопскиот маратон во 2020 година, со време од 2 часа, 31 минута и 16 секунди. Неговиот личен рекорд, кој е и национален рекорд, го постави оваа година во Севиља, каде го истрча маратонот за 2 часа, 8 минути и 25 секунди.

Дарио Ивановски Дарио Ивановски

„Да истрчам маратон на кој ќе бидам задоволен... Мислам дека после тоа нема да имам граници.“

„За било што, не ни е крива ниту државата, не ни се криви ниту условите, не ни е криво ништо. На крајот од денот, до тебе е. Кога сфатив дека грешката е во самиот себе, сфатив дека нема граници“ – рече тој во подкаст во април.

Дарио се стреми да ги инспирира луѓето да веруваат во себе и да не се плашат од промени. Неговата порака е дека сè зависи од нас самите.

Дарио Ивановски Дарио Ивановски Дарио Ивановски

ФОТО: Дарио Ивановски / Instagram

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12048 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.