Груби со куфер пред општина Чаир, Ганиу му врати: Терапијата ќе ја примиш на 8-ми мај

Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата пред општина Чаир се појави со куфер преку кој порача дека е за албанската опозиција.

Тој побара да ги депонираат оставките.

„Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома“, рече Груби.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му врати и му порача дека д-р Арбен ќе му препише терапија.

Тој на својот Фејсбук профил порача „Артан, терапијата Ганиу му врати на Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното