Стојчевски за ТВ 24: Граѓаните јасно кажаа дека е доста од двете најголеми политички партии кои го креираа овој систем

Даниел Стојчевски од ЗНАМ во емисијата 24 Отворено рече дека отвориле барања до раководството на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека со ова раководство на СДСМ и ДУИ не смее да има никаква соработка во идната влада.

- Остваривме и побаравме до Мицкоски и го прашавме дали има некаква скриена заткулисна соработка со ова раководство на СДСМ и со Заев за да после се бара двотретинско мнозинство за да се заштити и да има поголем комодитет во идната влада. На овие избори, граѓаните јасно кажаа дека е доста од двете најголеми политички партии кои го креираа овој систем во изминатите триесет години и видовме каков систем креираа и затоа граѓаните мислат дека треба да има повеќе фактори во составување на идната влада. Треба да имаме поквалитетна и подобра влада која ќе работи во интерес на граѓаните, која ќе ја врати правдата во државата и ќе ја подобри економијата, што е основно барање на сите граѓани. - рече Стојчевски.