Јулијан Нагелсман ќе биде новиот тренер на Баерн?!

Јулијан Нагелсман/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Иако сè уште е во игра во Лигата на шампионите, зад Баерн Минхен е една од најслабите сезони во последните неколку години.

Уште на стартот баварските гиганти беа елиминирани во Купот, а титулата им ја одзеде Баер Леверкузен по 11 години владеење во Германија.

Без разлика како ќе заврши настапот на Баварците во ЛШ, Томас Тухел заминува на крајот од сезоната, а раководството на Баерн мора да најде нов тренер.

Чаби Алонсо јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти Леверкузен, а приказната за Зинедин Зидан веројатно никогаш не била сериозна.

Германскиот „Скај“ носи сензационална вест, а станува збор за потенцијалното враќање на Јулијан Нагелсман по само една година на клупата на Баерн.

Изворот пишува дека Нагелсман нема ништо против да се врати, а договорот би требало да биде на три или четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот