На што се должи агресијата кај младите?!

Ученикот кој истепа наставничка е само еден во низата случаи на насилство кое го извршуваат ученици, малолетници и адолесценти. Агресијата кај младите според експертите не е изненадување. Психолозите постојано алармираат дека животот во, како што велат, едно хаотично општество и немање слух за најмладите доведуваат до оваа сериозна ситуација.

„Тоа што сите ние го гледаме и сите дискутираме за тоа, секогаш под вакво нешто има нешто многу големо, кога сето тоа се собира на купче, влијанието на нашето општество, на целиот овој притисок, економски, социјален, политички притисок, прво се децата жртви но и родителите, наставниците, и сето тоа кога ќе се собере, доведува до вакви случаи“, вели психологот Мирјана Јовановска Стојановска  во изјава за ТВ Сител.

Според Јовановска Стојановска, потребна национална стратегија за образование, еден сериозен пристап од сите засегнати страни во општеството.

„Во училиштата мора да се посвети внимание на воспитувањето но и рано откривање на проблемите со кои се соочуваат децата. Доцна е да се преземаат мерки откако веќе ќе се случат несакани настани. Основната работа на училиштата и образовниот систем не е само да ги наполнат со информации, туку и да ги научат да мислат, да станат одговорни за себе, да прават добри одлуки, добри за нив и општеството, тоа е многу основна задача, и заедно сите ние може да помогнеме околу тоа доколку има некоја стратегија“, вели психологот.

Синоќа пак, малолетничка од Куманово била нападната со остар предмет од нејзин соученик.

„Во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик“, соопшти МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот