Аврамовска: ДПМНЕ никогаш не го напаѓаше ЗНАМ, нападите беа упатени кон Левица

  • Фејсбук статус на Виолета Аврамовска од Левица

Hristijan Mickoski, ајде да ги расчистиме работите, за да нема нејаснотии.

Вие, односно вашата партија никогаш не ја нападнавте ЗНАМ и Максим Димитриевски. Како да ги нападнете кога во локалната функционирате како официјална коалиција.

За неупатените, ,, независната” Охрид пред се’ е всушност формирана од Максим, односно од неговиот шеф Бранко Црвенковски.

Охрид пред се’ од почетокот, односно од 01.10.2021 година е во официјална коалиција со ДПМНЕ. Имаат нивни директори и вработуваат нивни членови.

И да не го заборавиме Пупе компани, од ЗНАМ и близок со БЦ, кој има добар дел од колачот наречен јавни набавки или тендери во Охрид со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Да ги спомнам екскурзиите во охридските училишта на чија превисока цена за превоз реагираа родителите.

Абе врзани сте ко свински црева, само за пусти пари.

Затоа Hristijan Mickoski, нападите на вашата партија се насочени само кон Левица.

Инаку, за ваша информација, во Советот на Општина Охрид, вашата партија, која е локална власт е во неформална коалиција со ДУИ. Впрочем, Нефи Ик има добиено една третина од јавните сомнителни набавки, а освен тоа ја искрши и отстрани и последната спомен-плоча од НОБ, сведок на антифашистичката борба на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор, за што вашите функционери во Охрид веќе два месеца молчат.

Мил ми е Платон, но помила ми е вистината.

Тоа е вистината, да не глумиме лудило.