По првичните резултати од вториот круг на претседателските и парламентарните избори, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собраа на плоштадот „Македонија” во Скопје да ја прослават победата на нивниот претседателски кандидат - Гордана Сиљановска — Давкова, но и победничките резултати од парламентарните избори.

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ првично ја прославуваа победата пред седиштето на партијата, палатата „Христо Татарчев“, по што продолжија со славење на плоштадот „Македонија” каде се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска — Давкова, според објавените резултати на Државната изборна комисија по преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска Давкова освоила 524.658 гласови (65,04%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 236.222 гласови (29.29%).

Според првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени над 90 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 390.345 (43,09%) или 59 мандати во новиот 120 член собраниски состав.


Администратор
09/05/2024 00:26