РУСКИ НАПАД НА ОДЕСА И КИЕВ Лансирани беспилотни летала и балистички ракети! Горе станбени згради, меѓу ранетите има и ДЕЦА

Украинските воени претставници рано утринава објавија дека Русија извршила напад со беспилотни летала и ракети во кој девет лица, меѓу кои четири деца, се ранети во пристаништето на Црното Море Одеса, а цел на воздушните напади бил и главниот град Киев.

Олех Кипер, гувернерот на регионот Одеса, на Телеграм објави дека се оштетени неколку станбени згради и дека во нив избувнале пожари.

Градската управа на Одеса соопшти дека се оштетени најмалку 14 станови.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 16 нападни беспилотни летала и две балистички ракети со краток дострел Искандер.

– Системите за противвоздушна одбрана уништија 15 беспилотни летала над регионите Одеса, Киев, Миколаев и Черкаси – објавија на Телеграма од воздухопловните сили на Украина.

Британската агенција наведува дека во пораката не е наведено што се случило со ракетите.

– Сите беспилотни летала што беа лансирани во Киев се уништени – напиша на Телеграм Серхи Попко, шефот на воената администрација на главниот град на Украина.

Тој во тоа соопштение додаде дека нема информации за причинета штета или ранети во нападот.

Преку истата социјална мрежа, Витали Ким, гувернер на регионот Миколаев, објави дека остатоците од соборениот дрон го оштетиле објектот на комерцијалната инфраструктура.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното