ВИДЕО | Eвертон славеше во градското дерби и драстично ги намали шансите за титула на Ливерпул

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Eкипата на Евертон славеше победа со 2:0 во градското дерби против Ливерпул кој на тој начин полека ја губи трката за шампионската титула со Манчестер Сити и Арсенал.

Избраниците на Клоп се соочија со пад во одлучувачкиот дел од сезоната и сега титулата во Премиер лигата станува недостижна. Евертон сосема заслужено славеше во денешниот натпревар, а поведе со голот на Брентвајт во 27. минута. Конечните 2:0 ги постави Калверт Луин во 58. минута.

Ливерпул на четири кола пред крајот има три бода помалку од Арсенал, но и многу полоша гол разлика, Манчестер Сити има бод помалку од „црвените“, меѓутоа и два натпревари помалку.

Во останатите натпревари, Манчестер Јунајтед губеше од Шефилд на „Олд Трафорд“, но на крајот сепак славеше победа со 4:2. Кристал Палас со двата гола на Матета го победи Њукасл, Бормут со погодокот на Семејно го доби Вулвс на гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот