[ФОТО] Кејт Мидлтон е невозможно да ја видите во ова: Принцезата Шарлин го оживеа урбаниот тренд којшто девојките го обожуваат секоја пролет

Точка

08/04/2024

15:04

6.700

Големина на фонт

а а а

Принцезата од Монако искомбинирала модни парчиња кои се отмени и „edgy“, а стајлингот бил навистина дамски.

Семејството кое управува со Монако пред неколку вечери присуствувало на отворањето на новиот луксузен ресторан „Amazonico“.

Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлин биле во придружба на принцезата Стефани и нејзините деца Луј и Мари Дукре, а сите ги коментирале елегантните модни комбинации.

Модните портали потоа биле преплавени со фотографии од принцезата Шарлин која за оваа прилика избрала парчиња кои немаме често можност да ги видиме на дамите коишто се со статус како нејзиниот, па така незамисливи се за Кејт Мидлтон, кралицата Летиција и други припаднички на кралски семејства.

Станувало збор за хеланки, а сопругата на принцот Алберт одлучила да носи кожен модел со што дополнително го свртела вниманието на себе.

Нејзиниот избор биле класични хеланки кои биле навистина тесни и делувале „edgy“ и елегантно, а Шарлин ги искомбинирала со свилена блуза со „pussy“ панделка и отмено струкирано сако.

Целиот аутфит го потпишува модната куќа „Akris“ чија облека принцезата од Монако ја носи со задоволство.

Хеланките се враќаат во мода пролетва 2024 година

Хеланките спаѓаат во модни парчиња кои се апсолутно неопходни во секој женски гардеробер, а и во 2024 година ќе бидат меѓу незаобиколните трендови.

Тоа особено важи за класичните црни хеланки кои се одлична основа за секој изглед и може да се сметаат за олицетворение на „basic“ модата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг