Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Бројот на заболени во раните фази на дијабетес постојано расте, па денес постојат бројни проекти насочени кон подобрување на здравјето и подобра исхрана.

Фармацевтот Греам Филипс е посветен на проактивен пристап кон здравјето повеќе од три децении, со посебен акцент на спречување на метаболички синдром, претходник на дијабетесот и помагање на луѓето да го спречат дијабетесот и да изгубат тежина.

Тој смета дека приспособувањето на навиките е исклучително важно, а она што е пресудно во борбата против дијабетесот е забележувањето на раните знаци кои не смееме да ги игнорираме.

„Ако обемот на половината ви е повеќе од половина од вашата висина, можно е да сте изложени на ризик од дијабетес“, изјави Филипс за Mirror.

Имате вишок килограми, но секогаш сте гладни. Дијабетесот предизвикува неконтролирано зголемување на гликозата во крвта. Во исто време, ги спречува клетките да користат гликоза за енергија. Поради овој недостаток на енергија, може да почувствувате силен глад.

Темните дамки на кожата укажуваат на некои метаболички промени. Потемната кожа може да биде потенцијален показател, но особено дамките на вратот. Состојбата, која е позната и како acanthosis nigricans (АН), може да се јави и на препоните и пазувите.

Не треба да се игнорираат малку покачениот крвен притисок, нивото на шеќер, вишокот маснотии, како и покачениот холестерол.

Важно е да знаете дека раното откривање на овие симптоми може да биде исклучително корисно, но исто така не мора да значи дека сте изложени на ризик од дијабетес.

Тагови
реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе