logo
logo
logo

Зеленски го разреши секретарот на СБ на Украина, Данилов, на негово место го назначи Литвиненко

Vecer | 26.03.2024

Зеленски го разреши секретарот на СБ на Украина, Данилов, на негово место го назначи Литвиненко

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за разрешување на Олексеј Данилов од функцијата секретар на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) на Украина, објавија светските агенции, повикувајќи се на официјално соопштение објавено на веб-страницата на шефот на државата.

Зеленски со друг указ на местото на Данилов го назначи поранешниот шеф на службата за надворешно разузнавање на земјата, Олександар Литвиненко. Службата за надворешното разузнавање ќе ја раководи Олег Ивашченко.

Не е наведена причина за промените на високите раководни функции. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk