Горазд Србљак поразен во второто коло на фјучрсот во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Горазд Србљак/фото: mtftennis.mk

Македонскиот тенисер Горазд Србљак ги заврши мечевите на ИТФ фјучрс M25 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.

Србљак денеска во мечот од второто коло загуби од Бранко Ѓуриќ со 2:0 во сетови 6:3 и 6:2 за 92 минути игра. Ова беше втора победа за српскиот тенисер во меѓусебните мечеви против Србљак.

Во првиот сет Ѓуриќ направи предност со водството од 4:1 и 5:2 во гемови и сетот го заврши со 6:3, додека во вториот сет Србљак поведе со 1:0, но потоа следуваше серија од пет гема за ривалот и водство од 5:1.

До крајот на мечот двајцата тенисери освоија по еден гем и вториот сет заврши со резултат 6:2 во гемови.

Србљак е пријавен за настап и на следниот фјучрс турнир во Куршумлијска Бања, каде во квалификациите се пријавени заедно со него и Обрад Марковски и Шендрит Деари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот