logo
logo
logo

Драма во индиски ресторан: Гостите повраќаат и плукаат крв, ги послужиле со „освежувач“ (ВИДЕО)

Vecer | 05.03.2024

Драма во индиски ресторан: Гостите повраќаат и плукаат крв, ги послужиле со „освежувач“ (ВИДЕО)

Одеднаш почнале да повраќаат и да плукаат крв, па била повикана брза помош и полиција.

Истрагата открила дека на несреќните гости им била послужена мешавина од шеќер и зачини која традиционално се нуди после оброк.

Пакетот за освежување наводно содржел и сув мраз, цврста форма на јаглерод диоксид кој вообичаено се користи како средство за ладење, јавува Би-Би-Си.

Локалните медиуми јавуваат дека потрагата по сопственикот на локалот, кој е во бегство, е во тек.

Властите прецизираа дека Анкит Кумар го посетил ресторанот во саботата, придружуван од сопругата и пријателите.

По вечерата келнерот им понудил пакет за освежување, а штом го изеле почнала драмата.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се забележат гости во болка - некои од нив ставаат мраз во устата и голтаат вода. Тврдат дека персоналот не сакал да им помогне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk