Две жртви во сообраќајна несреќа кај Штип

20.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две жртви во сообраќајна несреќа кај Штип

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица. Несреќата се случила околу 14:25 часот, помеѓу две патнички возила

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Според неа, сѐ уште во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата