Утре е Ден на жалост во Русија, најмалку 143 загинати во масакрот во Москва

23.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Утре е Ден на жалост во Русија, најмалку 143 загинати во масакрот во Москва

Ожалостените веќе се собраа на многу јавни места низ Русија и во областите окупирани од Русија во Украина, вклучително и на локацијата на самиот напад салата Крокус, каде што носеа цвеќиња и детски играчки на импровизираниот споменик, објави Гардијан.

Група терористи, да потсетиме, вчера околу 18 часот отвори оган во фоајето и концертната сала Крокус во северозападниот дел на Москва, по што подметнаа пожар и побегнаа. Загинаа најмалку 143 лица, меѓутоа Рускиот истражен комитет очекува многу повеќе жртви поради големиот број тешко повредени.

Повеќе од 100 лица се хоспитализирани, од кои половина се во тешка состојба.

Терористите биле уапсени околу 3 часот по полноќ во областа Брјанск додека се обидувале да стигнат до Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата