Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Profimedia/Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Crazy, Stupid, Love“ – филм на Нетфликс

На Кал, средовечен маж, му се скрши срцето кога неговата сопруга бара развод. Меѓутоа, за да ја надмине загубата, тој почнува да освојува жени во бар на инсистирање на неговиот новопронајден пријател Џејкоб.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 7.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 79%

„Thank You, Next“ – серија на Нетфликс

Откако ја помина болката од нејзината прва љубов, која заврши со предавство, Лејла Тајлан, успешна адвокатка стана застапничка на познатата трета сопруга, Туба Тепелиоглу, во случај кој се смета за „случај за развод на годината“.

Жанр: комедија/драма / „IMDB“ оценка: 5.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„About Time“ – филм на Ејџ-би-о

Патник низ времето ја користи својата дарба да дојде до девојката од своите соништа, но сфаќа дека неговите моќи не го избавуваат од трагите на животот.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 71%

Quiet on Set: The Dark Side of Kids TV“ – серија на Ејџ-би-о

Сведочете на нераскажаната приказна за токсичниот свет зад детската телевизија во ’90-тите и 2000-те.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот