• Саше Љолес

Откако пред неколку дена италијанските медиуми објавија дека Наполи тргнал по потписот на голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, денес стигнуваат информации дека во оваа „трка“ се вклучил и англискиот гигант, Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола наводно има голема желба да го донесе Србинот во своите редови, каде би бил соодветна замена за Бразилецот Едерсон, чиј договор истекува следното лето. Вања Милинковиќ-Савиќ има одлична сезона во Торино и досега десетпати успеа да ја сочува својата мрежа.
Се работи за искусен 28-годишен голман, кој летово ќе биде на слатки маки пред да ја одбере својата следна дестинација во кариерата. Останува да видиме дали ќе се одлучи за преселба во Англија, каде впрочем ги направи и првите чекори, но во дресот на големиот ривал, Манчестер Јунајтед.