ИЕ 2: Со кои проблеми се соочуваат кумановци, што очекуваат од новата власт?

Бранот на иселување не ја заобиколува ниту изборната единица Два, автобусите полни градовите празни. Животот овде е убав, но потрагата за подобра егзистенција младите решението го гледаат во заминување странство најчесто Германија, Швајцарија, Италија.

Ангажман на брод, во хотел или во ресторан за брза храна, се најчестите првични професии што македонската младина ја работи во друга држава каде е многу поатрактивна од истите дејности во татковината. Се започнува со сезонска работа најчесто за време на студии, се скенира теренот и по кратко време си наоѓаат работа за подолг период и одлучуваат да си заминат.

Градовите стареат остануваат празни училишните клупи, а деца се помалку што го потврдува фактот дека се иселуваат цели семејства.

Развој на индустрија, вреднување на трудот кај работниците, повисоки плати, ивестиции, процес за децентрализација се само дел од решенијата кои што ги укажува населението од двојка.

Пред избори се ветува многу: разни проекти во образование култура спорт локален развој, стратегии за задржување на младите, квалитет во здравствство и што уште не, но колку тие ќе бидат реализирани ќе покаже времето после изборите.