Македонија
26. March 2024 - 14:31

СПМ: Единствен реален избор е кандидатката на Коалицијата „Обнова на Македонија" Силјановска Давкова

Социјалистичката партија на Македонија целосно ја поддржува проф. д-р Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија и им укажува на членството и на граѓаните дека единствено таа заслужува да ја води државата.

Иако Давкова е втора на гласачкото ливче таа на изборите ќе биде прва и ќе победи со мнозинство гласови од граѓаните кои ќе и го доверат мандатот за претседател на државата.

Социјалистичката партија на Македонија му порачува на членството и на македонските граѓаните дека не треба да се поддржи Стево Пендаровски да биде повторно избран на функцијата која ја врши. Иако е избран за прв на гласачкото ливче тоа треба се избегне и да се внимава за да не се заокружи единицата. 

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека единствен реален избор на граѓаните е кандидатката на Коалицијата "Обнова на Македонија" проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со што ќе се обезбеди реалната иднина и просперитет на Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија