Во отсуство на Борисов и Габриел, бугарскиот Парламент ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија, едногласно, со 216 гласа „за“ ја прифати оставката на премиерот Николај Денков и на владата.

Одлуката е донесена во отсуство на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и вицепремиерката Марија Габриел, која според планот треба да биде идниот премиер.

Владата ќе продолжи да ги извршува своите обврски во оставка до избор на нова. Сепак, преговорите меѓу ГЕРБ и „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ се уште не се почнати, а тие треба да одговорат на тоа како точно ќе продолжи формулата за управување и каков документ ќе биде потпишан за ова. ПП-ДБ бара разговорите да започнат што е можно поскоро, но според ГЕРБ тие не можат да се одржат додека Габриел е во странство.

Оставката на Денков е дел од „џентлменскиот договор“ постигнат пред девет месеци меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, со кој се предвидува Денков да поднесе оставка девет месеци по одобрувањето на кабинетот од Народното собрание, за да може оваа функција, во следните девет месеци да ја извршува Габриел од ГЕРБ.

Откако е изгласана оставката на владата, претседателот сега мора да ги повика партиите застапени во парламентот на консултации пред да почне повторно да ги дели мандатите за формирање влада. Според основниот закон, Румен Радев мора прво да и достави една на најголемата пратеничка група, која во случајов е таа на ГЕРБ, која ќе има рок од 7 дена да го реализира мандатот или да го врати.

Доколку во меѓувреме партијата на Бојко Борисов и ПП-ДБ постигнат договор за механизмите на владеење, веројатно Габриел ќе го врати првиот мандат. И да не се случи тоа, сепак, двете формации имаат уште една можност да формираат заеднички кабинет - со вториот мандат, кој ќе и биде предаден на ПП-ДБ, со повторно рок од 7 дена. Хипотетички, ако и вториот мандат се врати нереализиран, претседателот мора да предаде трет, но на политичка сила по негов избор. Досега секогаш беше БСП. По евентуален неуспех во третиот мандат - закажан е датум за нови парламентарни избори.

Борисов и Габриел отсуствуваа од пленарната сала за време на гласањето бидејќи ќе учествуваат на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Букурешт за поддршка на номинацијата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија.

Денков пред пратениците истакна дека оставката на владата е покана до ГЕРБ да ги започне преговорите за ротацијата. Според него, во наредните денови ќе бидат презентирани резултатите од кабинетот за изминатите девет месеци, а пред пратениците наведе дел од постигнувањата на извршната власт.

Тој го истакна позитивниот раст на економијата од 2 отсто, контролата на инфлацијата и зголемувањето на платите во повеќе сектори. Некои од неговите зборови беа дочекани со потсмев од пратениците на ГЕРБ.

„И покрај амбиентот на дезинформации, саботажи, напади и провокации, ние сме подготвени да продолжиме со реализација на зацртаните приоритети и програмата за управување со премиерката Марија Габриел“, рече Денков, кој посебно им се заблагодари на Габриел, министрите и народните претставници, кои ја поддржа оваа влада.

Крмов: Левица се залага за задолжителни домашни полици во маркети и колонијални продавници

На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот од Левица и Носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов, обраќајќи се кон земјоделските произведители, истакна дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица.

,,Приоритет ни е укинувањето на забраната за продавање на зелени пазари за сите ,пазарџии' со минимални примања. Секој има право да го продава на пазар она што самиот го произвел со свој труд!", потенцираше Крмов.

,,Левица се залага за воведување на задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници (гранапи), каде што ќе бидат изложени само наши македонски производи, видно одделени од останатата увозна стока", дадава Крмов.

Имајќи ги предвид туристичките капацитети на Берово и природните ресурси за зајакнување на туристичката понуда на недопрената природа во беровскиот регион, Крмов ги потенцираше мерките и проектите од програмата на Левица што на беровчани ќе им донесат поголеми можности за туристичко - економски развој.

,,Во делот на туризмот, Левица се залага за изработка на петгодишна Национална стратегија за поддршка и стратешки развој на македонскиот туризам, со вложување во локална инфраструктура (промоција, пристап, ресторани, сувенирници, организирани посети и тури и сл.). Понатаму - брендирање на името ,Македонија' и промоција на нашата гостопримливост во странски туристички списанија - со организирани роуд-шоуа за големи светски и европски туроператори низ повеќе предели од Македонија, меѓу кои и Берово", вели Крмов.

Според Крмов, Левица има предвидено и стимулации на неколку туристички гранки од национално значење: т.н. зелен, одржлив, т.е. алтернативен еко-туризам (селски / рурален / манастирски), бањски туризам (велнес и спа-центри) и др.

,,Се залагаме за развој на вински и гастрономски туризам преку промоција на традиционалната македонска кујна. Левица се залага и за зголемување на туристичката такса на минимум 1,5 евро, која во моментот е далеку најниска во однос на земјите од регионот (пр. во Македонија таа изнесува само 40 денари; во Србија = 1,53 ЕУР; во Хрватска = 1.59 ЕУР; во Словенија = 3 ЕУР), како наменско користење на средствата од оваа такса исклучиво за развој на туризмот", истакнува пратеникот и Носител на ИЕ3, Борислав Крмов.

Ова се само мал дел од над 1000 мерки и проекти од најважните сфери на општественото живеење предвидени во Изборната програма на Левица.

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече  палестинскиот претставник.

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на Хамас пристигнала во Каиро со намера да постигне договор, „но не по секоја цена“.

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече палестинскиот претставник.

Израел сака договор што ќе ослободи барем некои од околу 130-те заложници кои сè уште ги држи Хамас, но израелски официјален претставник вчера истакна дека основната позиција не е променета и дека Израел „под никакви околности“ нема да се согласи на договор за ставање крај на борбите кои ги води со цел да се разоружа и трајно да се уништи Хамас.

Друг палестински функционер потврди дека разговорите се „пред предизвик затоа што Израел одбива да се обврзе на сеопфатно примирје“, но додаде дека делегацијата на Хамас сè уште е во Каиро со надеж дека посредниците би можеле да извршат притисок врз израелската страна да ја промени својата позиција.

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош.

притисни ентер