Поповски: Во првите денови од оваа седмица очекуваме екстремно студено време, особено наутро!

Во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде сончево и ведро со мала до умерена локална облачност, а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина. Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а тие понекаде ќе се спуштат и до околу -15 степени.

 

Ќе има места каде температурата науутро ќе се спушти дури до околу -20 степени, со што очекуваме појава на силен мраз.

 

 

Во Скопје и околината исто така ќе имаме слично време, а температурата наутро ќе се спушти и под -10 степени.

Многу студено ќе биде и преку ден, особено во првите неколку денови од оваа седмица. Тогаш температурите и преку ден на повеќе места ќе останат под нулата. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат за неколку степени над нулата.

 

Со оглед на тоа дека очекуваме екстремно студено време, се очекува појава и на силен мраз, особено во утринските часови.

 

подготви: Славчо Поповски



Share

Додади коментар