Носителот Крмов и коносителот Симонов на посета во Илинден – Левица ќе биде дел од идната Влада

  • Соопштение на Левица – ЛО Илинден

Во текот на вчерашниот ден носителот на листа и пратеник Борислав Крмов и Александар Симонов остварија продуктивна средба со членови и жители на Општина Илинден на која се разговараше за проблеми како на локално, така и на централно ниво.

Во однос на престојните избори беше посочено дека Левица е единствената политичка партија со чисти цели за кои што се залага, со веќе познати политичари кои се покажале и докажале на дело, па поради тоа граѓаните на 8-ми мај преку Левица ќе имаат можност да го дадат својот глас за подобра и поправедна Република Македонија.

Левица е единствената политичка партија што реално укажува на потребата за ревизија и укинување на Преспанскиот, Рамковниот и Договорот за добрососедство со Бугарија како антимакедонски договори, противуставни и противправни, но и дискриминациски, па следствено на тоа произлегува дека единствено Левица е правиот застапник на интересите на македонските граѓани!

На 8-ми мај сите ние со нашиот глас можеме да направиме разлика за подобра Македонија!