Регион

Србија: „Гомекс“ го поддржа одбележувањето на Светскиот ден на аутизмот

08 апр 2024

Со придружување на организираната прошетка по улиците на Зрењанин компанијата „Гомекс“ го поддржа одбележувањето на Светскиот ден на аутизмот.

На главниот градски плоштад во Зрењанин, децата заедно со нивните наставници и родители уживаа во сончевиот ден и во разговорот со нивните врсници. На оваа манифестација учествуваа децата од училиштетот „9.мај“, нивните пријатели од уште неколку Основни училишта во Зрењанин, како и претставниците од „Гомекс“ и локалната самоуправа, учесниците беа  со посебен син детал на нивната облека  и во  знак за поддршка на децата со аутизам и сите пуштија сини балони, стои во објавата на „Гомекс“ на „Линкедин“.

Извор/Фото: „Гомекс“/„Ликендин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...