Екстрадиција за Палевски, ревизија на наводно политички монтирани судски случаи, помилувања дел од кампањата

Екстрадицијата на  првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо влезе во македонската предизборна кампања.

Откако неговите сопартијции, од контроверзната Десна, кои на парламентарните избори имаат четири потврди листи  од сред потпишување на Кодекс за фер и демократски избори, побара итна екстрадиција на Палевски, од министерството за правда денеска за ТВ 24 велат нема ништо на тема екстрадицја, која пред еден месец најваи дека самиот министер за правда Кренар Лога најаваи дека ќе биде брза.

- Очекуваме известување од турските власти за екстрадицијата на Љупчо Палевски.Од нивна страна сме информирани дека судскиот процес за Палевски е завршен и во тек се административни процедури .Откако ќе завршат административните процедури кои се поврзани со рокови, очекуваме Палевски да ни биде испорачан. - велат од Министерството за правда.

Сопартијците на Палевски освен што вчера ја искористија приликата да го свртат вниманието кон како што велат самите претседателот на партијата во мирување, деновиве испратиле и како што го насловиле документот поплака - до повеќе институции во Македонија и Турција за човекови права, но и до министерствата за правда на Македонија и Турција, како и до неколку амбасади во кое обвинувата на заговор за бавна екстрадиција.

За дел од аналитичарите, ова само ја покажува апсурдноста и нефункционалноста на институциите и државата. 

Екстрадицијата на Палчо, не е единствениот случај кој се прошета низ кампањата, тука се и најавите за  помилувања на осудениците од 27 април на  Гордана Силнјановска Дафкова, како и на Билјана Ванковска, и  најавите за помилување на Бујар Османи во случајот Алфа, но најавата за превземање на конкретни чекори за како што рече  политичките монтирани случаи Арбен Таравари ги наброја и Монструм и Диво Насеље.