ГРАНИЦИТЕ ПОМЕСТЕНИ: Извршителите од државата и од граѓаните наплатиле рекордни суми

Објавено во: Економија 24 Март, 2025 10:09
Извршителите минатата година од државата како должник наплатиле рекордни 31,5 милиони евра , без да се наведе колку од оваа сума е за основен долг, колку за камати и колку за награда, пишува во извештајот на комората за 2024. Од самите граѓани одземени се највисоки досега 47 милиони евра.
„Според структура на должници, извршителите во 2024 година наплатиле најмногу
парични средства од должници правни лица, поточно 84.334.575 евра, потоа од физички
лица износ од 46.933.986 евра и крајно од Република Северна Македонија износ од
31.495.995 евра“, објави Комората на извршители на РСМ.
Наплатата од државата и од физичките лица е рекордна во однос на претходните години. Од државата со своите министерства, општини и други управни тела биле извршени два милиони евра повеќе од 2023 - инаку претходно најдобра година за извршителите. Кај поединците - физички лица канцелариите на извршителите биле најефикасни и наплатиле повеќе од пет милиони евра разлика од една година претходно во 2023, која инаку исто така досега беше најуспешна за нив.
Вкупната сума на извршување од 160 милиони евра е втора најдобра година за извршителите, по онаа во 2017 кога биле наплатени 166,2 милиони евра.
Рекорден е и бројот на извршени пријави во текот на минатата година - 73.795. Тоа е огромна разлика во однос на претходната 2023 како најуспешна година со 64.010 извршени решенија.
„Споредбено по години, во бројот на реализирани извршни исправи од страна на
извршителите во 2024 година се забележува зголемување, па во оваа извештајна година
реализирани се вкупно 73.795 извршни исправи“, мконстатира комората.
Интересно е тоа што минатата година биле наплатени рекордни 33,34 милиони евра во име на физички лица како доверители, така што и во оваа категорија границите се поместени.
„Врз основа на добиените податоци од кварталните извештаи за 2024 година, според структура на доверители, извршителите во полза на државата наплатиле вкупен износ од 2.074.369 евра. Воедно, во истиот период, назад во стопанството се влезени вкупно 127.382.932 евра, благодарение на реализацијата од страна на извршителите во РСМ, додека пак во полза на физичките лица - доверители реализирани се 33.340.049 евра“, забележуваат извршителите.
Бројот на извршителски канцеларии останал ист како и претходната година со 83 извршители.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува нето надворешниот долг?

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК - Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

ПРОФИТ ОД ПРОБЛЕМ ШТО МИРИСА НА ВОЈНА: Работниците од автомобилската индустрија се регрутираат во фабрики за оружје

РЕАКЦИЈА ОД „ОРКА ХОЛДИНГ“: Демантираме дека имаме каков било партнерски однос со „Бест веј“ и семејството Мијалкови

НАЈПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ЈА ЗАТВОРА ПРОДАВНИЦАТА ВО БИБЛАХ-ОСТ: Вработените ги чека отпуштање, жителите ќе патуваат за да испазарат

Мијалков сака да се врати во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово

ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР ВЛОЖУВА ВО КРАФТ ПИВО - иако има богата компанија што вложува во недвижности, ќе инвестира во родната Хрватска

КАКО „АТЛАНТИК ГРУПА“ ЈА НАГРАДУВА ЛОЈАЛНОСТА НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ - има и слободен роденденски ден во текот на целиот роденденски месец

„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани
