ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2024
ГЛАСАА БОЛНИТЕ И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ
За разлика од првиот круг на претседателските избори пред две недели, кога гласаа над девет илјади лица пријавени како болни и изнемоштени, бројката сега порасна. Денеска, за вториот круг од претседателските избори пријавени за гласање се 11.095 лица, додека пак за парламентарните избори правото на глас најавиле дека ќе го остварат 11.197 болни и изнемоштени.
Освен гласање во домовите на болните, но и во старските домови каде се пријавени 534 лица, избирачкиот процес денеска се одвива и во казнено-поправните установи за 2.147 затвореници и притвореници.
БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦАОткако објави дека имал закани од Кичеец, сега Боки 13 објави дека Кичеец го пријавил во полициска станица, каде завршил на информативен разговор.
„Ете бидна и информативниот разговор во врска со пријавата од страна на Кичеец!
Замислете ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел… кажете му дека ќе го демнам се додека не одговара и не биде санкциониран за сите криминали и злодела!!!МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ПУТИН
И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин.
По инструкции на Министерството за надворешни работи, амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев, не присуствуваше на денешната церемонија во Москва, со што Северна Македонија им се придружи на САД и повеќето членки на ЕУ кои решија да ја бојкотираат инаугурацијата, пренесе 360 степени. Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва за нов шестгодишен мандат, кој е петти негов откако дојде на власт во 2000 година.
Во краткиот инаугуративен говор, тој не ја исклучи можноста за дијалог со Западот, но, како што наведе, тој треба да биде под рамноправни услови.ЧИТАЈТЕ УШТЕ