Ники Минаж и Карди Би се степаа на Модната недела во Њујорк: Најголемите ривалства во светот на познатите

Парис Хилтон го исмеваше задникот на Ким Кардашијан, додека Канје Вест ја навреди Тејлор Свифт во негова песна, откако ѝ го прекина говорот на доделувањето на VMA – кои се најголемите ривалства во светот на познатите?

niki-minazh-i-kardi-bi-se-stepaa-na-modnata-nedela-vo-njujork-najgolemite-rivalstva-vo-svetot-na-poznatite-01.jpg

Како и обичните луѓе, и познатите се расправаат едни со други. Но, поради нивниот статус, за овие кавги дознава целата јавност.

Кои се најпознатите и најголемите ривалства во светот на славните?

Канје Вест и Тејлор Свифт

Во 2009 година, Тејлор Свифт освои награда за најдобар музички спот на Video Music Awards. Кога ја прифаќаше наградата, Канје Вест се качи на сцената и бесрамно ѝ го прекина говорот.

Подоцна раперот се извини за своето однесување, а и јавноста заборави на инцидентот.

Но, во 2016 година, Канје ја издаде песната Famous во која има погрдни стихови за Тејлор Свифт, како:

„Мислам дека јас и Тејлор сепак ќе имаме секс. Зошто? Јас ја направив таа к*чка позната“.

Песната беше пречекана со лавина негативни реакции, но раперот тврдеше дека Тејлор дала дозвола стихот да заврши во песната.

Сепак, Тејлор воопшто не се согласила на ова, па односот меѓу нив повторно се залади.

niki-minazh-i-kardi-bi-se-stepaa-na-modnata-nedela-vo-njujork-najgolemite-rivalstva-vo-svetot-na-poznatite-02.jpg

Парис Хилтон и Никол Ричи

Парис Хилтон и Никол Ричи беа синоним за најдобри пријателки во раните 2000-ти. Тие дури имаа и заедничко ријалити шоу – The Simple Life – кое се емитуваше од 2003 до 2005 година.

Потоа, одеднаш, Парис и Никол станаа најголеми непријателки, за што богатата наследничка изјави:

„Не е тајна дека јас и Никол повеќе не сме пријателки. Никол знае што направи и тоа сè што имам да кажам за ова“.

Уште не е познато што точно се случило, но според некои гласини, Никол ја пуштила секс-снимката на Парис Хилтон додека биле на некоја забава.

niki-minazh-i-kardi-bi-se-stepaa-na-modnata-nedela-vo-njujork-najgolemite-rivalstva-vo-svetot-na-poznatite-03.jpg

Карди Би и Ники Минаж

Подолг период, Ники Минаж и Карди Би суптилно се напаѓаа и навредуваа една со друга во нивните песни.

Ситуацијата кулминира во 2018 година, на забава за време на Модната недела во Њујорк.

Според присутните, Ники Минаж ја навредила Карди Би во врска со нејзините мајчински способности, по што двете жени почнаа да се тепаат.

Тепачката е овековечена и на видео споделено од страна на TMZ.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
„Се немам избричено со години“: Убавата ќерка на Мајкл Џексон гордо ги покажува влакната под пазувит... Со години, Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, „се бори“ против нереалните ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg