Канје Вест е обвинет за физички напад на маж: „Ги стави рацете под фустанот на Бјанка“

Канје Вест и Бјанка Ценсори / Foto: GAMR KHROME / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Претставниците на раперот Канје Вест (46) обвинија дека маж физички и сексуално ја нападнал неговата сопруга Бјанка Ценсори (49) во инцидент во Лос Анџелес.

Извори претходно изјавија за „Ти-ем-зи“ дека Вест е под истрага како осомничен за физички напад претходно оваа недела, откако раперот наводно удрил човек кој ја нападнал Ценсори.

„’Зграби’ е крајно неадекватен опис на она што се случило. Бјанка била физички нападната. Напаѓачот не само што се судрил со неа, туку тој ѝ ги ставил рацете под нејзиниот фустан, директно на нејзиното тело, ја фатил за половината, ја завртел околу, а потоа ѝ испраќал бакнежи. Таа беше физички и сексуално малтретирана“, се вели во соопштението на пи-ар тимот на раперот.

Фото: ShotbyNYP / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Полицијата во Лос Анџелес и претходно го истражуваше Вест. Во 2022 година, раперот беше под истрага за злоупотреба на лице за кое тврдеше дека го исмева.

„Тој го имаше ставот: ‘Што ќе правиш?’. Само ти кажувам дека таа сина маска против коронавирус нема да го спречи овој нокаут“, рече Вест, кој не беше уапсен или обвинет за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот