ФОТО | Ријана е непрепознатлива: Пејачката драстично го промени имиџот

Ријана / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Пејачката Ријана (36) отсекогаш сакала да експериментира со својата коса. Освен што ги менуваше боите, таа во текот на кариерата ја менуваше и должината и стилот на косата. Имаше кратки, долги, кадрави, права, често плетени во африкански плетенки… Сега повторно го промени имиџот.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Папараците неодамна ја фотографираа во Санта Моника додека беше на пат на состанок. Таа имаше руса кратка коса која сѐ уште не ја покажала на социјалните мрежи.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Таа неодамна пееше хитови меѓу кои „Diamonds“, „All of the Lights“, „Bi*ch Better Have My Money“ на церемонијата пред свадбата на синот на најбогатиот Индиец , за неверојатни 6,3 милиони долари.

Анант е син на 10-от најбогат човек на светот, Мукеш Амбани, кој е и најбогат Индиец. Неговата венчавка е закажана за 12 јули, но прославата ја започнале веќе на почетокот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот