Бројките никогаш не лажат, овие рејтинзи на политичките
партии и претседателските кандидати пред се покажуваат дека граѓаните бараат
промени и тие да се случат на овие избори. Она што веќе го нудат политичките
партии очигледно дека за граѓаните е поприфатлива програмата која ја предлага
опозицијата и македонската и албанската, отколку владејачките партии СДСМ и
ДУИ, изјави новинарката и претседателка на МАН, Ивона Талевски во „За или
против“ на Алфа телевизија.
Талевска потенцираше дека можеби најважно е дека граѓаните
препознаваат дека ова се избори за национален опстанок на македонската нација и
на државата, дека нема да имаме уште една шанса тоа да се случи, бидејќи во
спротивно ќе завршиме како Палестинците и Курдите кои својата шанса за
воспоставување на национална држава ја пропуштија.
- Во изминатиов 7 годишен период не постои еден месец,
квартал година во кој ВМРО-ДПМНЕ немале предност пред СДСМ, а тоа сега се
случува и кај албанската опозицијата.<span style="mso-spacerun:yes">
</span>Најголемиот дел од гласачите и граѓаните му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, тоа
е пораката со нивниот константен повисок рејтинг, а во меѓувреме ги препознаа
лажните вести на власта кои ги презентира.<span style="mso-spacerun:yes">
</span>Секогаш пред почеток на кампања не треба да се бега од фактот дека дел
од граѓаните се ослободуваат од стравот и решаваат да се изјаснат за кого би гласале,
истакна Талевска.
Талевска додаде дека СДСМ не може да се оттргнат од
продавање магла и нереални ветувања мислејќи дека се уште е ситуацијата од 2018
кога бевме една од главните точки на геостратешките интереси на нашите
стратешки партнери, но оваа година изменети се околностите и кај нас и на
Балканот и во Европа.
- СДСМ дојде на власт со лажни ветувања и без победа на
избори и се обидуваат да ја одржуваат таа политика мислејќи дека некоја
амбасада ја крои власта во Македонија. Граѓаните се главниот суверен кој го
избира мнозинството и го даваат легитимитетот на власт, а лажните ветувања веќе
граѓаните ги проценија и препознаа и затоа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е поголем од
рејтингот на СДСМ како и рејтингот на албанската опозиција во однос на ДУИ,
рече Талевска.
Талевска нагласи дека СДСМ потребно е да се реформира, затоа
оние гласачи од СДСМ кои и мислат добро на партијата треба да ја остават да
изгуби со најлош резултат за да се прочистат за да може партијата да се
реформира одвнатре, во спротивно ќе останат истите луѓе со истите лаги.
- Во СДСМ се случуваат два процеси одреден период, едниот е
излегувањето на Максим Димитриевски со ЗНАМ со кој ќе се соочи Оливер Спасовски
во ИЕ 2 и ќе биде причина за Спасовски да изгуби, но Спасовски е дел од
владејачка гарнитура кои треба да понесат одговорност за катастрофалната
состојба и во државата. Кај нив треба да се случи реформирање, враќање на
основите и идеологијата и нови кадри, истакна Талевска.