ВИДЕО: Мајами со 23 тројки дојде до „брејк“ во Бостон

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Кошаркарите на Мајами, и без првата ѕвезда Џими Батлер успеаја да триумфираат на гости против Бостон со 111:110 и така израмнат на 1:1 во четвртфиналната плеј-оф серија на Истокот во НБА лигата.

Тимот од Мајами одигра одлична одбрана, особено во вториот дел кога и му дозволи само 40 поени на најмоќниот офанзивен тим. Воедно, имаше 53,5 отсто успешност на реализирани тројки, погодија 23 од 43 обиди.

Најзаслужни за триумфот на Хитси беа Хиро со 24 поени (6/11 за три) и 14 асистенции, Мартин (5/6 за три) и Адебајо (10 скокови) додадоа по 21 поен.

На спротивната страна за Селтикси доминираа Браун со 33 и Тејтум со 28 поени. Третиот меч меѓу овие две екипи во плеј-оф серијата ќе се игра на 28 април во Мајами.

За разлика од најдобриот тим на Истокот, најуспешниот тим во Западната конференција, Оклахома убедливо го совлада Њу Орлеанс пеликанс со 124:92 и поведе со 2:0 во серијата. Оклахома беше предводена од Гилџес-Александер со 33 поени, додека за Пеликанси, кои се домаќини на третиот натпревар на 27 април, прв стрелец беше Валанчиунас со 19 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот