ВИДЕО | Снимка што го потресе светот: Туристи поради селфи малтретирале мечиња, па ги фатила полиција

Фото: YouTube/ABC 7 Chicago

Инцидентот се случил во вторникот, на 16 април, во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина. Шест лица се снимени како ги влечат малите мечиња од гранките на дрвото, за коишто се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестмината ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.

Веднаш откако снимките од инцидентот стигнале до експертите кои се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њус“ рекла дека, кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било сместено на човечка грижа и нега за да се опорави. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не можат да се вратат во дивината, бидејќи мечките кои растат со луѓе, потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.

– Мечето преживеа големо трауматично искуство. На луѓето кои го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка му, а особено на овој начин да го влечат од дрвото – рекла Хобс, пренесува „Унилад“.

Џоди Вилијамс, шеф на здружението „Помогнете им на мечките на Ешвил“ е подеднакво загрижена.

– Сè поради фотографијата. Повторувам, поради една фотографија. Многу ми е жал за ова мало мече и ми се гади од себичноста на овие луѓе. Ова е токму тоа – себичност – рекла Вилијамс.

По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од тоа што го направиле овие шест луѓе, а тие, покрај планетарната популарност што не ја барале, за сето тоа морале да разговараат и со полицијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот