Македонија
2. May 2024 - 18:07

Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците

По повод празникот Воскресение Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов, на 1 мај 2024 година, упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

Во честитката бискупот Стојанов ја истакнува понизноста Христова, кој прифаќајќи го својот крст и страдање, стигна до целта – воскресението и конечната победа на животот. Следејќи Го него и ние ќе ја препознаеме вредноста и смислата на секој наш крст и наше страдање и во Него ќе најдеме светол пат за  победата на животот во нашето воскресение – пишува монсињор Стојанов.

Во продолжение на честитката посакува воскреснатиот Господ да нѐ води по патот на воскресението и не само на крајот од нашиот живот и човечката историја кога Бог ќе биде „сè на сè“, туку за да можеме да живееме претвкус на вечноста и на земјата.

Скопскиот бискуп и Струмички Скопски епарх монсињор Стојанов честитката до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА ја завршува со зборовите: Во тој дух Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на МПЦ – ОA и на сиот Божји народ посакувам честит и благословен празник Воскресение Христово – Христос Воскресна!

Во одвоена честитка монсињор Киро Стојанов му го честита и роденденот на Архиепископот Стефан, посакувајќи му Божји благослов во исполнувањето на неговата душпастирска дејност, здравје и долг живот