Левица пред КСС ја претстави својата трудова програма

Денес, на 1-ви мај, на денот на трудот – празникот на организираниот труд, #Левица ја претстави својата програма пред Конфедерацијата на слободни синдикати во Република Македонија.

Нашата програма почнува и завршува со работникот како столб на општеството кој 33 години е политички заборавен и постојано експлоатиран. Наместо работните интереси, во државата владеат интересите на олигархијата.

Предвидуваме најсуштински и структурални промени на трудовата и финансиската политика која ќе ја врати моќта на одлучување во рацете на работникот.

#Левица била и секогаш ќе биде ваша Партија – Партија на Тудот, на широките работнички маси.

На претставувањето на програмата присуствуваа членот на Президиумот и носител на ИЕ 2, Амар Мециновиќ и координатор на трудовиот сектор Александар Димитријевиќ.