„Футуристичка“ урбана опрема ќе се постави на платото пред Општина Центар

Фото: Општина Центар

Нов сквер ќе се изведе на платото на аголот од улицата Михаил Цоков и Орце Николов пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана опрема, т.н. „урбан атрактор“ со што треба да се збогати јавниот простор со инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за планираната инсталација се започнати и тој ќе се протега на површина од 56 метри квадратни.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека новиот сквер ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.

Урбаниот елемент на новиот сквер ќе има модерна конструкција, а во неа ќе има урбана опрема за релаксација и одмор на граѓаните од секојдневието. Ова ќе биде простор каде граѓаните ќе можат да одморат, да се социјализираат или да ги паркираат своите велосипеди додека ги завршуваат обврските во околината. Верувам дека ова футуристичко урбано издание ќе го збогати Центар и ќе биде позитивно препознаено од граѓаните – рече Герасимовски.

„Урбаниот атрактор“ Општина Центар го добива како донација од Стопанска банка.

Фото: Општина Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот