Уште една банкарска криза? ЕЦБ Уверена во финансиската отпорност на еврозоната

Неодамнешното пропаѓање на две банки во сад и кризата со Кредит Свис во Швајцарија предизвика загриженост за целиот меѓународен финансиски сектор. 

Европските советодавни тела потврдија дека во случај на пропаѓање на банка во Европската Унија, се применува фиксно правило согласно кое се повикуваат акционерите и другите доверители.

Акционерскиот капитал прв ги покрива загубите на банката а доколку ова е недоволно, се преминува на обврзниците.

Минатата недела Европската центарална банка ја крена каматната стапка за 50 процентни поени и покрај превирањата. Но во поглед на тековното високо ниво на несигурност, централната банка не се обврза за во иднина.