Заврши моќниот
временски настан Ел Нињо, кој заедно со климатските промени придонесе за
максимално зголемување на глобалната температура, соопштија научниците.
Австралиското
биро за метеорологија соопшти дека Тихиот океан „значително се оладил“ во
изминатата недела.
Оваа природна
епизода, која започна минатиот јуни, донесе потопли води на површината на
Пацификот, додавајќи дополнителна топлина на атмосферата, објави Би-Би-Си,
повикувајќи се на загриженоста на научниците дека е невозможно со сигурност да
се каже што ќе се случи следно серијата неодамнешни глобални месечни рекорди
високите температури доведоа некои научници да се плашат дека светот може да
влезе во нова фаза на уште побрзи климатски промени.
Се потсетува дека
на секои неколку години почетокот на Ел Нињо носи драстични временски промени
во многу делови од светот.
Напливот на
потопла вода, кој излегува на површината кај брегот на Перу во Јужна Америка, е
поврзан со зголемени суши и поплави во различни делови на светот и е обележан
со три различни фази, жежок Ел Нињо, неутрални услови и поладен период наречен
Ла Ниња.
Овој сегашен Ел
Нињо беше прогласен минатиот јуни и го достигна својот врв во декември. Ел Нињо
доведе до зголемување на температурата на водата во Пацификот, што потоа
придонесе глобалните просечни температури да се зголемат до нови високи. Десет
месеци по ред март беа соборени температурни рекорди.
„Но, сега, можеби
побрзо од очекуваното, Ел Нињо исчезна. Критичното прашање е што ќе се случи
следно, а научниците се поделени околу одговорите на тоа“, наведува Би-Би-Си.
Американските
истражувачи неодамна рекоа дека има 60 отсто шанси Ла Ниња да се развие помеѓу
јуни и август и 85 отсто шанси тоа да се случи до есен.
Но, Австралиското
биро вели дека таквите изјави мора да се третираат со претпазливост. Очекуваат
неутралните услови да траат најмалку до јули.
Ла Ниња може да
има значително влијание врз бурите и ураганите, а некои експерти предвидуваат
дека ако Ла Ниња навистина пристигне порано, ќе најави многу активна сезона на
урагани на Атлантикот.
Сепак, се очекува
дека ефектот на Ла Ниња, односно ладењето, би можел малку да ја забави стапката
на глобалното затоплување.