YouTube тестира нов формат на реклами

YouTube заработува најголем дел од своите пари од реклами што се прикажуваат за време на видеата.

Ова, се разбира, им пречи на корисниците, но рекламите се причината поради која сервисот е достапен.

Има алтернативи, но потребно е да се плати, па некои корисници одлучија да користат апликации за блокирање реклами.

Google веќе некое време се обидува да им стави крај, па за таквите корисници содржината е целосно забавена, а единствено решение е деинсталирањето на блокаторите на реклами.

Рекламите очигледно не се популарни, така што новата опција што ја тестира YouTube веројатно нема да им се допадне на корисниците.

Компанијата, како што неодамна објавија, започна со тестирање на нова форма на реклами кои се прикажуваат на екраните кога корисниците не гледаат или паузираат клипови.

Во моментов, ова е достапно за ТВ и се активира кога корисниците паузираат видео на YouTube. Кога ќе кликнат на пауза, видеото се намалува и до него се појавува реклама.

Она што посебно го нагласија од компанијата Google е дека се работи за рекламен формат кој не ги вознемирува корисниците додека гледаат видео, бидејќи се појавува само кога ја паузираат содржината.

Меѓутоа, доколку корисниците паузираат видео затоа што поради некоја причина сакаат да го исклучат звукот, сигурно нема да им се допадне доколку веднаш по кликнувањето на пауза се појави ново видео со реклама и звук.

Првите резултати во текот на тест периодот се позитивни, велат од Google, па не треба да се чудите ако го прошират тестирањето и на други уреди, односно ако официјално го воведат овој формат на реклами.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Интернет

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more
 

Гик

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе