„Емирејтс“ и „Флајдубаи“ ги обновија летовите по поплавите во Дубаи

20.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Емирејтс“ и „Флајдубаи“ ги обновија летовите по поплавите во Дубаи

„Емирејтс“ откажа речиси 400 летови и одложи многу други поради невремето што на 16 април го погоди градот Дубаи, се вели во соопштението објавено од претседателот на авиокомпанијата, Тим Кларк.

Поради невремето авиокомпанијата го прекина пријавувањето на патниците кои заминуваат од Дубаи и ги запре транзитните операции преку меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најголемите светски туристички центри, оставајќи илјадници патници заглавени на аеродромот. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата