logo
logo
logo

Инзаги: Некои ми велеа да не доаѓам во Интер, но еве освоив шест трофеи

Vecer | 23.04.2024

Инзаги: Некои ми велеа да не доаѓам во Интер, но еве освоив шест трофеи

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше пресреќен откако неговиот тим на пет кола пред крајот на првенството успеа да го обезбеди Скудетото и тоа на величенствен начин со победа на големото градско дерби со Милан.

„Чувството е прекрасно, направивме нешто неверојатно, а во овој тим има многу херои: играчите, клубот, претседателот, кој сега не е тука, но секогаш бил во близина. Секој ден работиме напорно за да станеме подобри. Мислам дека веќе од првата сезона, од првиот меч во Лигата на шампионите, кога се сретнавме со Реал Мадрид, кој потоа го доби финалето против Ливерпул, беше видлив добар почеток, а на крајот освоивме шест трофеи. Моето патување излезе одлично. Секогаш ќе му бидам благодарен на Лацио што ми даде можност да почнам да работам како тренер. Многумина ме советуваа да не одам во Интер, но нешто ми кажа дека тука треба да дојдам. Познавав многу луѓе во менаџментот и знаевме дека можеме да го продолжиме циклусот. Во тешките моменти им дозволивме на озборувачите да зборуваат, но денес тие се помалку ќе зборуваат“, изјави тренерот на „нероаѕурите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk