Апасиев: Не е нормално двајца наставници да не можат да си дозволат годишен одмор со сопствените плати

Не се согласувам со западнистичкиот концепт на гејмизација на учичиштето. Таму треба да се гради карактер, образ, воспитание и целокупната персона, вели Димитар Апасиев.

– Како да ја наречам, американска некоја гејмизација на школото. Еј на децата да им забавно. Не, на децата треба да им биде трудно, тешко и макотрпно да завршат школо. Значи не треба ние да одиме со концептот на гејмизација, па му се свиѓало на малиот, па не му се свиѓало, не, таму се гради карактер, таму се гради образ, таму се гради целокупната личност, целокупната персона се гради во училиштетот.

Тој се осврна и на неповолната метеријална состојба во која се западнати наставниците и професорит, потенцирајќи дека двајца наставници или двајца професори не можат на одмор да отидат поради слабите примања.